Вистинските мерки и политики што изминатите години ги реализира Владата предводена од СДСМ, за помош и поддршка на лозарството и винарството даваат конкретни, видливи резултати.
Постигнати се историски највисоките цени за откуп на грозјето, зголемени за 30 отсто во однос на претходната година.
Дополнителни 2 денари за килограм откупено грозје, се обезбедени од Интервентниот фонд за земјоделството, кој со ребалансот на Буџетот е зголемен од 400 на 900 милиони денари, наменети за поддршка на оваа стопанска гранка во услови на криза, истакна Прес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство на СДСМ.
во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
Ова значи дека на веќе договорените 13 и 15 денари по килограм, цената на откупната цена на грозјето ќе достигне 15 денари за смедеревката и 17 денари за вранец.
Покрај највисоките откупни цени лозарите добиваат субвенции од 40.000 денари за одржување на лозовите насади, како и 4.200 денари по хектар за зелена нафта.
СДСМ низ партнерски однос и со лозарите и винариите, обезбеди рекордна помош за секторот.
Вложувањата и поддршката на лозарите и винариите доведе до зголемување на производството на грозје и вино и раст на извозот.
Просечното годишно производство на грозје изнесува 270 илјади тони, а на вино околу 100 милиони литри.
Веќе трета година по ред извозот на вино бележи пораст, и во количина и во вредност. И тоа се повеќе флашираното, го заменува извозот на налевно вино.
Нашата земја е еден од лидерите според вредноста на извезеното вино во регионот, односно втор најголем извозник по Грција.
Минатата година македонските винарии извезле вино во вредност од над 61 милиони долари, што е зголемување од 19% во споредба со 2020 година.
Се овозможува финансиска поддршка до 10.000 евра за малите семејни винарии за набавка на опрема за производство, а секоја година се одвојуваат средства за промоција на македонските вина на саемите низ светот.
Македонските вина како препознатливи по својот квалитет следното претставување ќе го имаат во рамките на иницијативата Отворен Балкан, на првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам што ќе се одржи во Белград.
Од Северна Македонија ќе учествуваат 42 винарници и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина.
Ова е можност за поголем извоз, откуп и нови пласмани и пазари за македонските вина.
Продолжуваме заедно со лозарите и винариите да креира мерки за помош и поддршка на лозарството и винарството, како гранки со висок потенцијал за развој и извоз.
СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на лозарите.