Речиси 100 туристи се затруле со храна во ресторан во Будва

Во Будва, Црна Гора е потврдено труење со храна на гости во еден ресторан. Речиси 100 луѓе пријавиле стомачни проблеми.

Црногорски портал објави дека Општата болница во Котор им потврдила дека синоќа пристигнала поголема група луѓе со труење.

„Синоќа околу 22 часот примивме 30 лица во болницата во Котор, од кои голем дел беа деца на возраст на 15-16 години“, соопштија од болницата.

фото: Архива