Според светската програма за храна, гладуваат над 345 милиони луѓе во светот

Бројот на луѓе кои се соочуваат со недостиг на храна ширум светот е повеќе од двојно зголемен на 345 милиони од 2019 година, во главно поради пандемијата на ковид-19, конфликтот во Украина и климатските промени, објави Светската програма за храна (WFP).

Пред кризата со коронавирусот, 135 милиони ширум светот се соочувале со недостиг на храна, рече Корин Флејшер, регионален директор на ВФП. Бројките се зголемија оттогаш и се очекува да продолжат да се зголемуваат поради климатските промени и конфликтите.

Влијанието на еколошките предизвици е уште еден дестабилизирачки фактор што може да предизвика недостиг на храна и да доведе до конфликти и масовна миграција.

 

vesnik.com