Секторот за внатрешни работи Битола – Полициска станица Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Д.П.(26) од с.Славеј, Прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, по член 300 и член 301 од Кривичниот законик.
На 9.06.2023 околу 19.45 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, пријавениот со патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп и го напуштил местото, а од здобиените повреди А.Ц. починала на местото.
Подоцна, во полициска станица неговиот татко Р.П.(54) пријавил дека го управувал возилото, но по преземени мерки било утврдено дека Д.П. го управувал возилото. Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.
извор:МВР
фото:Архива