ТВ 21: Еве зошто е повлечен предлог законот за реорганизација на министерствата

0
66

Предлогот на Христијан Мицкоски за измени на закон за организација и работа на органите на државната управа е повлечен од Собранието поради барање на поднесителот за дополнителна измена, дознава ТВ 21

Според наши информации, се прават измени во поделбата и надлежностите на Министерството за информатичко општество кое сега ќе биде дигитализација и администрација.

Барањето било од Стефан Андоновски кој се споменува како име за министерството за дигитализација. Изменетиот на предлог законот веќе е вратен во собраниска процедура.

Како што веќе објавивме, Тимчо Муцунски ќе раководи со Министерството за надворешни работи, Гордана Кочовска Димитриевска ќе застане на чело на Министерството за финансии, а Стефан Андоновски ќе го предводи новоформираното Министерство за дигитализација.

Неофицијално, Сања Божиновска се споменува за министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, Цветан Трипуновски за министер за земјоделие, Борко Ристовски за спорт, додека пак во МВР ќе се бира помеѓу Панче Тошковски и Игор Јанушев.

извор: ТВ 21