Бразил во моментов ја доживува најголемата суша досега. Во некои градови не врнело повеќе од сто дена. Последиците се драматични.
Повеќе од една третина од Бразил моментално е погодена од екстремна суша. Тоа значи дека повеќе од 12,5 милиони луѓе не виделе дожд повеќе од три месеци. Неколку градови се отсечени од надворешниот свет бидејќи реките не се пловни поради нискиот водостој. Шумски пожари беснеат во повеќе региони.