Мурал со ликот на револуционерот Даме Груев на еден од потпорните ѕидовите на регионалниот пат Берово – Струмица. Изработката е дело на графитчии од Берово, кои подолги време се занимаат со оваа уметност, а главни карактеристики и теми на нивните уметнички изработки се базираат на патриотизмот, љубовта кон татковината и емпатијата на градот Берово.
Со ова сакаме да испратиме порака за почитување на нашите херои и вредности кои се од исконско значење и треба секој да ги вреднува. Како млади уметници сакаме да искажеме почит кон нашите историски вредности и личности и да ги вреднуваме нивните дела. Ова е само еден мал дел за почит кон нив, а ликот на нашиот херој Даме Груев го овековечивме за да сведочи како личност која е од огромно значење за Берово, Малешевијата и за целата држава, велат беровските уметници за нивното дело.
Тие најавуваат дека и во иднина ќе презентираат вакви дела за достоинството и делата на македонските херои.
Воедно сакаме да изразиме и револт спрема моменталната ситуација со форсирање на турбо фолкот и кичот во Берово и сите други места во Македонија, кој ја уништи чаршијата и самиот град. Се спротивставуваме на погрешните вредности на рѓосани странски и секакви култури кои ни се наметнуваат, додаваат беровските графитчии.
Тие апелираат секогаш предизвик за младите да биде богата македонска култура и традиција, која посебно помеѓу младите е заборавена.