На видеото се гледа како Американката Лори се грчи во базенот. Нејзиниот 10-годишен син Гевин скока и ја спасува. Драматичната снимка семејството ја сподели на социјалните мрежи. Беше 5 август во Енос, Оклахома, пишува Мирор.
Ова е втор пат малиот херој да ја спасува својата мајка, откако минатата година се јавил на 911 кога таа се задавила од храна. Овој пат тој скокнал во базенот и ја спасил мајка си од давење.
– Татко ми ги слушна кучињата како лаат и истрча и скокна додека Гевин ме држеше на скалата и ми ја држеше главата над вода – рекла Лори.
Гордата мајка го објави видеото на Фејсбук и го опиша како еден од нејзините „најлоши кошмари“. Иако видеото го сподели со светот, Лори призна дека и е многу тешко да го гледа бидејќи не сака некој да и ги гледа нападите.
– Добро сум, само голтнав вода пред да ме фати Гевин. Не можам да верувам дека само го кажав тоа и не можам да верувам дека го пишувам ова во моментов. Мојот мал херој – додаде таа.
24sata.hr