Најголемиот британски воен брод доживеа дефект веднаш по испловувањето за САД

0
261

Најголемиот воен брод на британската кралска морнарица „ХМС Принцот од Велс“ доживеа дефект на јужниот брег на Велика Британија веднаш по неговото испловување кон Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите во британските медиуми, портпаролот на кралската морнарица истакнал дека е настанат технички проблем за време на пловењето на „ХМС Принцот од Велс“, еден од двата носачи на авиони на морнарицата. Техничкиот проблем се истражува.

Во соопштението се нагласува дека најголемиот воен брод во земјата, вреден околу 3 милијарди фунти, се расипал во близина на островот Вајт на јужниот брег на Велика Британија.

„ХМС Принцот од Велс“, вториот носач на авиони во земјата по „ХМС Кралицата Елизабета“, го напушти Портсмут во саботата (27 август) со мисија „да ја обликува иднината на операциите со авиони и беспилотни летала на северноамериканскиот брег и на Карибите“.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).