25 години од смртта на принцезата Дајана

Британската принцеза Дајана, поранешната сопруга на британскиот престолонаследник принцот Чарлс, загина на 31 август 1997 година, во сообраќајна несреќа во тунелот Понт де ал Алма во Париз.

Со неа беа и Доди Ал-Фајед и менаџерот за безбедност на хотелот Риц-Париз, Анри Пол, кој возел изнајмен „мерцедес-бенц“. По нив возеле папараци кога нивниот автомобил удрил во столб во тунелот. Ниту еден од четворицата патници во автомобилот не носел појас.

Принцезата Дијана во тоа време беше најпопуларната жена во светот, а нејзините приватни фотографии вредеа милиони. Затоа папараците не сакаа да ја остават на мир дури и кога лежела мртва во болницата во Париз, тврди нејзиниот личен возач Колин Тебут, кој пред три години првпат проговори за трауматските настани во Париз.

Тестовите покажале дека Хенри Пол бил под дејство на алкохол додека возел и имал три пати повеќе алкохол во крвта од дозволеното. За да ги избегне папараците возел со голема брзина.  Таа ноќ Дајана починала од добиените повреди во сообраќајна несреќа.

Многумина сè уште веруваат дека била убиена. Една од теоорите е дека непосредно пред нејзината трагична смрт  Дајана му напишала писмо на својот батлер Пол Бурел дека ќе биде убиена во сообраќајка.

kurir.mk