Денеска, на 01.09. 2022 година, по кусо боледување почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Македонија и поранешен почесен конзул на државата Израел.
Голем Македонски патриот и Еврејски лидер во чии мандат на претседателствување со Еврејската заедница се отвори синагога Беит Јаков во Скопје, финансиски се осамостои Еврејската заедница и се реализираше Фондот на холокаустот на евреите од Македонија.
Виктор Мизрахи активно учествуваше на домашен и меѓународен план во реализацијата и изградбата на единствениот сефардски Меморијален центар на холокаустот на евреите од Македонија и во поставувањето на спомен обележје на депортираните македонски Евреи во меморијалната поставка во Треблинка.
Веста за смртта на својот татко преку социјалните мрежи ја објави и пратеничката Рашела Мизрахи.
-
Збогум тато.Велеше да се живее со достоинство, чест и образ на земјата, значи да се има мир на небото.До следно видување.Виктор Самуел Мизрахи (1950-2022)
Фото: ФБ Рашела Мизрахи