Северна Кореја нуди свои градежни работници да помогнат во обновата на окупираните територии на источна Украина

Војната во Украина влезе во седмиот месец, а Северна Кореја покажала интерес за испраќање на свои градежни работници на окупираните територии на истокот за да помогнат во обновата, објави СДК.МК.

Идејата отворено ја поддржуваат и високите руски функционери и дипломати, кои се свесни дека евтина и вредна работна сила би можела да биде фрлена во најтешките услови, како што кажа рускиот амбасадор во Северна Кореја во едно неодамнешно интервју.

Рускиот вицепремиер Марат Хуснулин изјави дека севернокорејските градежни компании веќе понудиле помош за обнова на уништените области во Донбас и дека севернокорејските работници ќе бидат добредојдени.

извор: СДК.МК.

Фото:

Radio Free Asia