Повторно затекнат автобус кој вршел меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Денеска од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај автобус кој вршел меѓународен превоз на патници.

При контрола на автобус сопственост на туристичка агенција од Скопје, било констатирано дека нема задна регистерска табличка, за што бил изготвен соодветен поднесок, а, исто така, било констатирано и дека вториот возач А.Б. не поседува лекарско уверение како и сертификат за професионален возач за меѓународен прево на патници и во соработка со Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачот и правното лице.

makfax.com