Фатени дрвокрадци во гостиварско

0
237
На 1 септември 2022г. во атарот на гостиварското село Србиново, во место викано Запоѓе, биле приведени три лица, откако се затекнати како со моторна пила вршат бесправна сеча на дрва.
Тројцата дрвокрадци биле затекнати од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар, при што е одземена моторната пила и поголема количина на огревно дрво, кое е предадено во Подружницата во Гостивар.
Едниот од тројцата дрвокрадци бил странски државјанин, кој после сослушувањето е вратен во матичната држава.
Заштитата на шумите од шумски штети претставува сериозен фактор во зачувувањето на шумскиот фонд. Бројот на ваквите прекршители, односно сторители на кражби и значителни штети на дрвото, во последно време се зголемува. Затоа согласно Закон за шуми, чувањето на шумите се врши двостепено, шумочуварската служба врши реонско чување, додека шумската полиција и МВР вршат контролно-патролно чување на шумите.
Сите заедно да ги чуваме нашите шуми, нашите бели дробови, информираат од ЈП Национални шуми Македонија.