Рускиот патријарх ќе го прескокне верскиот конгрес во Казахстан каде требаше да се сретне со папата

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил нема да присуствува на верскиот конгрес во Казахстан следната недела, на кој се очекуваше да се сретне со папата Франциск.

Портпаролот на православната црква Владимир Легоида на 5 септември изјави за ТАСС дека патријархот Кирил ќе го прескокне настанот поради „голем број причини“.

На почетокот на август, Ватикан соопшти дека папата Франциск ќе го посети конгресот.

 

Радио Слободна Европа