Топ моделот Адријана Лима се породи на 28 август и роди момче, првиот наследник со филмскиот продуцент Андре Лемарс.
Светските медиуми денеска ја објавија веста дека една од најубавите жени на светот стана мајка по третпат.
Според „Дејли мејл“, Адријана се породила на 28 август.
Самата манекенка се огласи на Инстаграм, кога сподели фотографија од окото на бебето.
-Цијан е боја помеѓу зелената и сината на видливиот светлосен спектар. Цијан е бојата на водите на Бора Бора и Малдивите, места на нашата семејна листа. Сино е сега нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добредојдовте во нашиот свет Ци јан Лима Лемарс – напиша таа.
Да потсетиме, Лима има две ќерки од бракот со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ, а ова е нејзин прв наследник со филмскиот продуцент Андре Лемарс.
фокус.мк