Во последните 24 часа, од направени 997 тестови за Ковид-19, регистрирани се нови 179 случаи, нема починати, евидентирани сe 175 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.
Од 179 нови случаи на Ковид-19, во Скопје се 97, Кавадарци и Велес – по 9, Битола и Прилеп – по 8, Куманово и Берово – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Кратово – 3, Охрид, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 2, Кичево, Струга, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 57 реинфекции.
Регистрирани сe 175 оздравени пациенти од: Скопје – 93, Битола – 19, Прилеп и Кавадарци – по 12, Куманово – 11, Гевгелија – 5, Гостивар – 4, Велес, Струмица, Крива Паланка и Кратово – по 3, Кочани – 2, Тетово, Охрид, Кичево, Ресен и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица.
МЗ