Следната недела Советот на јавни обвинители ќе објави конкурс за избор на наследникот на Вилма Рускоска, односно за новт шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Изборите ќе се одржат на 31 октомври, а за првпат ќе се организираат по новиот закон, според кој 163 јавни обвинители ќе имаат право да гласаат за еден од пријавените кандидати.
Антонио Јолевски, претседател на Советот на јавни обвинители, рече дека дисциплинска постапка против некој обвинител не е пречка за тој да се пријави на огласот.
Во моментов, обвинителката Вилма Рускоска е суспендирана поради тоа што против неа е покрената дисциплинска постапка, но сепак таа веќе нема да конкурира за шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал, бидејќи во мај веќе поднесе кандидатура за републички обвинител.
Републичкиот обвинител Љубомир Јовески вели дека за дисциплинската постапка против Рускоска треба да се обезбедат докази, за кои пак треба да се произнесат обвинителите опфатени со постапката.
тв21