Мицкоски: Во ЕВН се разгледува сценарио за рестикции – да се исклучува град по град

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предупредува дека не чека тешка зима на енергетски план. Според него, струја можеби ќе има, но прашање е по која цена и како таа ќе влијае врз граѓаните и стопанството.

Мицкоски обелодени дека информации според кои на зима се планираат рестрикции со кои цели градови ќе бидат исклучени од електрична енергија.

  • Во ЕВН веќе се разгледува тоа сценари со рестикции на град по град. Еден од присутните на тие состановци ме праша за совет и му реков дека рестрикцијата не е начин бидејќи на тој начин ќе се оптерети системот неколку часа пред и по рестрикцијата. Потрбно е кривата да се растегне а не да се заострува-објасни Мицкоски.

извор: Република