Четири македонски убавици освоија титули во Бејрут

На изборот за „Ворлд некст топ модел 2022“ (World Next Top Model 2022), што неодамна се одржа во Бејрут, Либан, четирите македонски претставнички освоија титули и други награди.

Мија Стерјовска, Ана Брзанова, Катарина Јовановска и Ива Пеева се успешните девојки, сите членки во модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценца за нашата држава за овој интернационален избор за модели, што секоја година традиционално се одржува во Бејрут.

– На изборот учествуваа повеќе од 40 девојки од целиот свет и навистина ова претставува огромен успех за Македонија и за нашето модното студио, пресреќни сме сите – вели Светлана Црнокрак.

 

novamakedonija.mk