Чарлс Трети е новиот Крал на Обединетото Кралство и Комонвелтот

Кралицата Елизабета Втора почина денеска, на 96-годишна возраст. Бакингамската палата соопшти дека Неговото височество Кралот Чарлс Трети и Кралицата Камила во моментов се наоѓаат во дворецот Балтимор во Шкотска и дека Кралот Чарлс Трети утре заедно со Кралицата ќе се вратат во Лондон.

Кралицата Елизабета Втора се соочуваше со здравствени проблеми откако помина една ноќ во болница минатиот октомври – 96-годишниот монарх оттогаш откажа серија јавни ангажмани по медицински совет.

Кралицата беше видена како користи стап за одење во службата во Вестминстерската опатија на 12 октомври, што беше првпат да го стори тоа на голем јавен настан. Таа се повлече од дводневното патување во Северна Ирска, советувана да се одмори поради медицински причини, објави Бакингемската палата на 20 октомври. Следниот ден, палатата соопшти дека кралицата отишла во приватна лондонска болница за „прелиминарни истраги” и останала во неа преку ноќ.

Принцот Чарлс, најстариот син на кралицата, еднаш го опиша своето семејство, Виндзор, како „сапуница“. Кралицата ги издржа сите драми, разводи, скандали. Разнишана беше само во 1997 година, кога на Британците им делуваше премногу студено. Само по многу двоумење, Елизабета тагуваше јавно поради загубата на нејзината поранешна снаа, принцезата Дијана. По несреќата во автомобилскиот тунел во Париз, кралицата излезе пред телевизиските камери дури по критиките од јавноста: „Сите се обидовме на свој начин да се справиме со тоа. Не е лесно да се изрази загубата, бидејќи по почетниот шок е присутна мешавина од многу емоции: неверување, лутина и грижа за оние што остануваат“. Таа зборуваше како кралица и баба, во црн костим со бисерен ѓердан. Народот се помири.

фото: Архива