Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во семејна куќа во која беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст од 70 години.
– Со оглед на тоа што од екипите на Итната медицинска помош беше констатирана смрт со видливи изгореници на телото, надлежниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот – соопштуваат од Јавното обвинителство.
Од лице место беа подигнати траги со цел да се утврдаат околностите под кои настапила смртта.
извор: Јавно обвинителство