(ВИДЕО) Тројца починати, 11 повредени во тешката несреќа при судар на два воза во Хрватска

Тешка сообраќајка се случила синоќа околу 21:31 часот кај месноста Новска. Се судрија патнички и товарен воз, а според последните информации тројца загинати, а 11 се повредени.

Директорката на Хрватскиот институт за итна медицина, Маја Грба Бујевиќ утринава за ХРТ изјави дека осум екипи за итна помош биле на терен во рок од 35 минути, а потоа биле повикани уште четири екипи од соседните жупанија.

 

На 11 повредени лица пронајдени на терен им била укажана помош – седум лица се пренесени во Нова Градишка, три во Славонски Брод и едно во Пакрац.

– Беше сложена ситуација. Прво, беше темно, второ, мораше да се исклучи струјата за да не се удри некој од струја… Тоа беше оддалечена област, не можеш да ја запреш колата и само да излезеш, но сите служби за итни случаи си помогнаа и на тој начин се грижеа за кој можеа. За жал, имаме и три починати лица – рече Грба Бујевиќ.

 

 

24sata.hr