Охридски пливачки маратон имало, има и ќе има. Тој е традиција на Охрид и Охриѓани и никогаш ниту јас, а верувам ниту секој добронамерен нема да дозволи да згасне.
И покрај бројните потешкотии кои се исправија пред 35. Охридски пливачки маратон, УСПЕАВМЕ да организираме достоинствено издание. Тука сакам да изразам огромна благодарност до организациониот одбор кој беше на висина на својата задача, клубот за активности на вода „Охридски бранови“ кој во многу кратко време успеа да ги обезбеди сите потребни технички реквизити и логистика, до охридскиот пливачки херој Марко Пејчиновски, до Аеро клубот чии членови го наговестија пристигнувањето на маратонците на целта и го разубавија небото, до спонзорите и помагателите без кои маратонот немаше да изгледа на ова високо нив и до сите инволвирани во организацијата на овогодинешното издание.
Голема благодарност и до пливачите на маратонот кои и покрај краткиот рок најдоа време да земат учество.
Овогодинешното издание е патоказ за како во иднина ќе се развива Охридскиот пливачки маратон.
Општина Охрид во корелација со Пливачката федерација на Македонија, оваа година во целост го организира Охридскиот пливачки маратон и за таа цел одвои 2 милиони денари, додека Агенцијата за млади и спорт го обезбеди наградниот фонд од 10 илјади долари.
-пишува во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.