Антимакедонската СДС да не се плаши од народот и да прифати Референдум, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Над 60% од Македонците ќе излезат на Референдум, а огромно мнозинство од истите ќе гласаат за поништување на Договорот со Бугарија. Народот бара Референдум, тој е највисок облик на демократија и можност за корекција на власта. Антимакедонската СДС да собере храброст и да прифати Референдум.
А, со Референдумот и предвремени парламентарни и претседателски избори. Ако власта верува дека тоа што гo прави е правилно и дека Договорот наидува на поддршка кај народот, тогаш зошто тактизира и не прифаќа соочување со народот?, прашуваат од партијата.
Антимакедонската СДС знае дека народ не ги поддржува нивните деструктивни политики и дека на изборите и на Референдумот ќе доживеат тежок дебакл. Но, тоа не ги оправдува, државниот интерес нема цена и затоа да го стават народот пред своите лични цели и да поддржат Референдум, а со тоа да се охрабрат и на избори – наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
извор: ВМРО ДПМНЕ