Транспортен авион исчезна од радарот во ДР Конго

Транспортен авион со три члена на екипажот исчезна од радарот во текот на летот во провинцијата Јужен Киву во Демократска Република Конго, известува Агенција Анадолија (АА).

Локалните официјални лица соопштија дека е изгубен секој контакт со леталото по неговото полетување од аеродромот Кавума во градот Букаву.

Авионот превезувал товар што требало да се достави на аеродромот во градот Касесе.

Надлежните служби започнаа акција за потрага и спасување на исчезнатиот авион.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).