Карчовски: Данела Арсовска треба да плати политичка цена – Поддршка за Перински!

Мислам дека секој нормален човек кој го сака градот и сака развој на градот, веќе сфати дека Данела Арсовска е неспособна менаџерка, изјави на социјалните мрежи Јован Карчовски член на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено дава поддршка за досегашниот директор на ЈП Водовод и Канализација Златко Пирински за кои според него станува збор за чесен, храбар и принципиелен градски лик.

Арсовска според него треба да плати политичка цена за оваа ујдурма.

Поддршка за Златко Перински!

Како член на ВМРО-ДПМНЕ, сакам да ја изразам мојата поддршка за Златко Перински. Можеби не ја разбирам до крај политичко-тендерската “игранка” на Данела Арсовска, но она што го знам и го разбирам е карактерот, посветеноста и принципите зад кои стои Златко Перински, напиша Карчовски.

-Станува збор за чесен, храбар, принципиелен градски лик, кој држи до своето! Исто така, изразувам поддршка до ВМРО-ДПМНЕ за идните чекори кои ќе ги превземе во врска со оваа голема подлост на Данела. Мислам дека секој нормален човек кој го сака градот и сака развој на градот, веќе сфати дека Данела Арсовска е неспособна менаџерка, има катастрофално лоши односи со своите соработници, покажува невидена ароганција поткрепена со нула знаење и нула авторитет, нема ниту волја ниту капацитет да го раководи градот, притоа има многу кратко памтење како дојде на оваа функција и со чија поддршка стана градоначалничка, напиша Карчовски.

Извинете, ама тие работи во политиката се важни и тука нема простување, а Данела треба да плати политичка цена за оваа ујдурма, констатира тој.

 

vecer.mk