Стојановска: Иницијативата за референдум е законска, Талат наместо чувар, стана шампион во кршење на Уставот

Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција по одлуката на претседателот на Собранието Талат Џафери да ја отфрли иницијативата за референдум, посочи дека тој во минатото имал многу улоги, но сега јавно си ја додал и улогата на уставен судија.

„Толкување на Устав е работа единствено на Уставниот суд. Прво прават правни гимнастики за да избегнат народ и неговиот став за договорот. Второ бегаат од соочување со народ затоа што се свесни за две работи. Првата – знаат дека ќе има излезност и втората знаат дека народот е против договорот кој е извор на асимилацијата која СДС и Ковачевски ја спроведуваат. Трето – Талат наместо чувар на уставот стана шампион во кршење на Уставот. Нема друг случај во светот каде претседател на Собрание толкува Устав затоа што тоа е единствено во надлежност на Уставниот суд“, вели Стојановска.

Таа вели дека Референдумот за поништување на законот за ратификација на договорот со Бугарија е во согласност со членот 24 од Законот за референдум и не е во спротивност на Уставот.

фото: Архива