Џафери ја одби иницијативата за референдум – тврди дека не е согласно Устав

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништување на договорот со Бугарија како неуставна.

Во одговорот до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Џафери пишува дека иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот во кој е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани од Собранието се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.

 

Радио Слободна Европа