Пензионерската популација ја чувствува во голема мера моменталната кризна ситуација која се случува не само во нашата држава туку и во целиот свет, но за нас пезионерите најважното е да имаме редовна исплата на пензионерите истакнува претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Македонија, Станка Трајковa. Притоа, додава дека од овој месец септември, со исплатата на пензиите ќе бидат зголемени за 6,8 проценти, па заедно со јануарското зголемување кое следеше од 2,9% , пензиите се зголемиле за околу 10%.
Сепак ова е едно позитивно зголемување за пезнионерите, но како што истакнува Трајковa, не значи дека се наоѓаат во еден тежок период на живеење, но и тоа да не се превземаат мерки за помош.
-Ние како Сојуз на пензионери направивме наши предлози за да се инкорпорираат во антикризните мерки , а ги поделивме како мерки во три нивоа. Што би можело да помогне државата? Што би можело да помогне општината? Што би можело да помогне самите здруженија. Верувам дека тоа ќе го подобри моменталниот статус на пензионерите, кој пред се се обезбедува преку исплата на пензија, но ако на пензионерите им се помогне со мерки надвор од пензискиот систем, мислам дека со тоа ќе се одреди материјалниот статус на пензионерите, истакнува претседателката Трајковa.
Во поглед на категоријата пензионери со ниски примања, таа истакнува дека никој досега не се запрашал зошто е тоа така?
-Тие ниски пензи од една страна ги генерира самиот пензиски систем, а од друга страна ги креира самиот поединец, пензионер. За да се оствари правото на пензија потребни се најмалку 15 години стаж, и 62 односно 64 години возраст. За да еден осигуреник дојде до тие 15 години стаж, тој ги користи можностите што ги дава пензискиот систем, преку допис на стаж кој што се плаќа на најниска основица. Осигуреници кои имале можност да плаќаат стаж на повисока основица не го плаќале. Потоа имаше пензионери кои примаа паричен надомест преку Агенцијата за вработување и тој надомест влијаеше на висината на самата пензиска основа. Ако на некому му недостасуваа две години стаж, тој се пријавуваше некаде како да работи и придонесот повторно се плаќаше на најниска основица. Сите тие случаи придонеле да ние имаме ниски пензии, појаснува Трајковa.
Притоа додава дека пензијата во нашиот пензиски систем е индивидуално право и зависи од вложниот придонес во пензискиот фонд преку висината на платата и платениот придонес. Таквата разлика помеѓу осигурениците постоела од секогаш.
Трајковa апелира до сите млади да внимаваат на колкави основици и плати им се плаќаат придонесите бидејќи на крајот тоа останува најсигурно давање со кое се обезбедува материјалната полозба на пензионерот.
news1.com