Добро е што се случи оваа средба, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, бидејќи, како што објасни досега немало никаква комуникација.
Мицкоски порача дека и по една година неговиот, ставот на неговата партија и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ останува ист и непроменет и покрај бројните шпекулации кои одредени медиуми ги пласираа во јавноста сои тоа дека се обезбедиле 80 пратеника, дека се преговара со толкав број пратеници итн.
-44 пратеници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со раководството на партијата, заедно со коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, стојат на ставот дека уставни измени под бугарски диктат на ваков начин, под овие околности ние нема да поддржиме, многу јасно кажано на денешната средба со Ковачевски. Уште пред една кажав дека таа преговарачка рамка со тие услови за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлива, но и за огромното мнозинство македонски граѓани бидејќи под тие услови ние никогаш нема да бидеме дел од ЕУ, иако тоа го заслуживме можеби многу поодамна и многу пред други народи кои веќе се таму. На денешната средба која што траеше час и половина разговаравме за предлози кои што ги даде господинот Ковачевски, од кои што би издвоил еден, а тоа е следно тој предложи да во рамките на Парламентот отпочне дискусија и се отвори практично и се изгласа со две третини потребата за промена на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која што од десетте ресори кои што во овој момент ги менаџира СДСМ пет да бидат дадени на ВМРО-ДПМНЕ. Да бидат завршени уставните измени, значи да помине втората фаза и третата фаза, да отпочне практично процесот на преговори бидејќи пред една година нѐ убедуваа дека е почнат, а денеска добивме потврда дека тој процес на преговори не е почнат. Да отпочне процесот на преговори и дури потоа да бидат затворени можеби едно или две или три поглавја во зависност од брзината како ќе се одвива тој процес на преговори. А, таа Влада да оди на парламентарни избори. Да ги подготви парламентарните избори. На оваа понуда која што претставува позиција на Димитар Ковачевски од моја страна беше даден следниот одговор, во ред ја разбирам понудата и за истата го имам следниот став, ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии но без учество во истата Влада на Демократската унија за интеграција. ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да учествува во истата со тоа што избори подготвува техничка Влада, не оваа Влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. А, евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот Протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки, рече Мицкоски.
Мицкоски објасни дека Ковачевски ова го протоколкувал како кршење на Преговарачката рамка, на што Мицкоски рекол – во ред имам предлог јас за тебе.
-Да одиме на предвремени парламентарни избори кои што ќе се одржат на, три дати дадов како предлог, на есен генерално, да се формира влада на широко национално единство во која што нема да биде дел Демократската унија за интеграција и бидејќи ниту една земја членка на ЕУ нема против со македонскиот многувековен идентитет, традиција, култура, обичаи, македонскиот јазик, тогаш еве јас сум подготвен да разговарам со неколку премиери на земји членки на ЕУ на следниот состанок на Европскиот Совет, да изгласаат потврда, гаранција за сето ова кое што ние го збориме па да видиме дали е навистина така како што ни велат дека е така, имајќи предвид дека сега и Бугарија има легитимна влада избрана од Националниот парламент таму. И со тој документ да дојдеме пред македонските граѓани и да кажеме еве овој пат Европа застанува позади многувековниот македонски идентитет, култура, традиција, обичаи, македонски посебен јазик и дека овој пат конечно Европа има чиста и јасна цел пред себе Македонија да биде дел од европското семејство. Потоа да побараме од страна на претседателот на Европската Комисија определен економски пакет за македонските граѓани и за бизнисот да го подготвиме во процесот на преговори затоа што тој мора да биде конкурентен на европскиот пазар, да може да ги задржи луѓето тука, бидејќи знаете дека миграцијата, иселувањето е големо, рече Мицкоски.
Имајќи предвид, вели Мицкоски, дека состанокот покрај евроинтеграции беше и за добрососедство, а добрососедството значи двосмерна улица, не едносмерна, значи и нашите соседи треба да бидат добри соседи.
-Јас би сакал да бидам добар сосед со нашиот источен сосед, со Бугарија и од оние 14, 13 веќе завршени судски случаи пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур од коишто 6 се конечни и веќе во септември треба Бугарија да ги имплементира, да одбере 3, Бугарија да одбере 3 и тие 3 да ги примени. Еве Бугарија да одбере 3, нема ние да ги бираме. Од овие 6 за коишто постои во моментов од Советот на министри при Советот на Европа кон Бугарија ултиматум дека ќе следат санкции, да избере 3, само 3 и истите тие да ги примени и тогаш ќе речеме добро е, навистина постои нов ветар кај нашиот источен сосед, има добрососедство и нашинците во тој дел од земјата, односно во тој дел од Балканот, во Бугарија ќе можат да се почуствуваат дека некој во нивната матична држава стои позади нив. Тоа тој во овој момент не го прифати, бидејќи тоа значело промена на преговарачката рамка итн., но претпоставувам дека вие ќе можете да поразговарате малку повеќе со него кога ќе дојде овде, н јас не гледам тука дека има промена на преговарачка рамка. Бараме гаранции, бараме пакет, и бараме грижа, онашто им следува на нашинците во Бугарија и она коешто веќе го досудил Европскиот суд за човекови права и за што постои ултиматум пред санкции од Советот на министри при Советот на Европа. Не бараме ништо повеќе од тоа што на нив им следува. За да видиме дека навистина македонскиот идентитет е таков каков што е, дека нема утре да имаме кочење во процесот на преговори, бидејќи сите велат дека тука никој нема проблем, еве начин да сето тоа се потврди, да покажеме грижа кон нашите таму но и да покажеме грижа за нашите македонски граѓани. Ова беа двете теми за кои што разговаравме бидејќи заклучивме дека во овој момент во рамките на парламентот 80 пратеници или две третини очигледно нема, една година потоа сме на истото место можеби и подалеку од каде што бевме пред една година. Понатаму на моето прашање кое ќе влезе ова во рамките на парламентот одговорот беше дека ќе биде во следните десет дена. Добро во ред велам ќе биде во следните десет дена, кога ќе го ставите на гласање? Кога ќе се создадат услови. Но очигледно нема услови. Ќе ја мачиме ли македонската јавност општеството дополнително, и тука немаше нормално одговор од страна на соговорникот, рече Мицкоски.
Ценам, рече Мицкоски, дека лидерската средба ги покажа јасно позициите дека во овој момент нема двотретинско мнозинство во парламентот и дека час поскоро треба да има релаксирање во општеството, а единствен начин е практично час поскоро да одиме на предвремени парламентарни избори за да можат граѓаните да добијат влада каква што заслужуваат, а не влада каква што не ги застапува нивните интереси.