Издадено предупредување од производителите на нафта – „Нема спас“

Американските производители на нафта и гас од шкрилци издадоа предупредување. Тие тврдат дека не можат доволно да го зголемат производството за да ѝ помогнат на Европа да се справи со енергетската криза во текот на претстојната зима, пишува Фајненшл тајмс.

– Нема спас. Ниту кога се работи за нафта, ниту за гас – вели Вин Ванло, директор на директниот инвестициски фонд Quantum Energy Partners, еден од најголемите инвеститори во секторот за шкрилци.
Тој потсети дека САД не можат наеднаш да го зголемат производството. Според него, сегашниот обем на производство е таков каков што е.

Секретарот за финансии на САД, Џенет Јелен, оваа недела предупреди дека стапувањето во сила на ембаргото може да предизвика скок на цената на нафтата. Експертите претпоставуваат дека цените повторно би можеле да се искачат над 100 долари за барел, пренесува Спутник.

 

vecer.press