Принцот Чарлс, кој сега стана крал, до последен момент бил со својата мајка, кралицата Елизабета втора. Во замокот Балморал се соочил со тажната реалност дека смртта на нејзиното височество ќе доведе до најголема промена во неговиот живот. Другите членови на кралското семејство не пристигнале навреме во Шкотска.
Принцовите Вилијам, Едвард и Ендру дојдоа веднаш по смртта, а принцот Хари пристигна дури вечерта, неколку часа откако веста за смртта беше објавена во медиумите.
Чарлс отиде во Балморал во четвртокот. Таму бил пренесен со хеликоптер околу 11 часот, а му се придружила и принцезата Ана (72). Британските медиуми јавуваат дека лекарите го информирале семејството дека на кралицата и остануваат уште неколку часа живот, па сите постари членови на семејството побрзале да се простат од неа.
Со оглед на тоа дека Чарлс станал крал во времето на смртта на кралицата, веројатно е дека неговата сестра веднаш му ја бакнала раката. Истото го направиле и двајца помлади браќа, како и синот, новиот престолонаследник Вилијам (40). Секретарот на кралицата ја известил премиерката Лиз Трус (47) за смртта во 16:30 часот, а јавноста била информирана и два часа подоцна.
Докторот Ху Томас, кој работи за кралското семејство веќе 16 години, беше единствениот кој можеше да одлучи кому му е дозволено да влезе во собата на кралицата. Овој гастроентеролог бил и единствениот кој одлучил кои информации се дозволени да излезат во јавноста.
Ситуацијата беше иста за сите поранешни владетели. Кралицата целосно му верувала, а за тоа говори и фактот што му ја доделила улогата на шеф на медицинскиот тим на кралското семејство. За неговата работа, таа му ја додели титулата Витез командант на Кралскиот викторијански орден во 2021 година.
Вилијам, кој требаше да стане принц од Велс и прв во редот за тронот, побрза од Беркшир во Балморал. Неговата сопруга, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (40) остана во Виндзор да се грижи за нивните деца Џорџ, Шарлот и Луис, кои го имаа првиот ден во ново училиште.
Вториот син на кралицата, принцот Ендру (62) и грофот и грофицата од Весекс биле во истиот авион на РАФ со војводата од Кембриџ, кој слетал во Абердин нешто пред 16 часот. Во Балморал им се придружија принцезата Ројал, војвотката од Корнвол и принцот од Велс.
Во Шкотска отпатува и портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс. Тие требаше да присуствуваат на церемонијата на доделување на наградите WellChild во Лондон во четвртокот навечер. Новинската агенција Press Association подоцна објави дека Хари ќе патува без Меган Маркл (41).
курир.мк