Багерот 630/2 кој врши ископ на јаглен на најдолната точка во Рудникот ПЈС Суводол во РЕК Битола од попладнево е во краткотраен прекин заради обилните врнежи од дожд што го зафатија рудникот.
„ Багерот 630/2 е на најниската точка во ПЈС Суводол бидејќи ги ископува последните количини на јаглен во тој дел од рудникот, по што ќе биде преместен на друга локација согласно планот за работа. Водата од собирникот што се наоѓа во непосредна близина на багерот, направен специјално за вакви ситуации, се исцрпува со пумпи и багерската единица за неколку денови ќе биде повторно во функција.