Млекото ќе има нови повисоки цени

Поскапуваат дел од млечните производи од следната недела. Вакво предупредување добиле дел од трговците. Дел од млекопроизводителите за Телма потврдиле дека од понеделник млекото ќе има нова повисока цена.

За колку точно ќе се зголеми не се знае, а причината за растот се скапите енергенси.

„Во ситуација кога имаме континуиран бран поскапувања во сите производни сегменти, почнувајќи од примарното млекопроизводство и зголемувањето на цената на добиточната храна, што се одрази со зголемување на откупната цена на млекото за 40% само од август ланската година до овој август, како и повеќекратниот раст на цените на енергенсите, бимилк како одговорна компанија и најголем производител на млеко и млечни производи во текот на целиот период од почеток на кризата има направено неопходни корекции на цената на своите производи.и ние како останатите во индустријата ги очекуваме најавените мерки за поддршка на бизнис секторот за да овозможиме поизедначена позиција во ланецот на млекопроизводство“, се вели во дописот од бимилк, пренесе Телма.

Има најави дека ќе поскапат и сирењето, кашкавалот и јогуртот.

 

telma.mk