Ковачевски крои мини реконструкција во Владата – Од Владата си заминуваат и Сали и Бочварски?

Оставката на Горан Милевски од позицијата министер за локална самоуправа може да повлече уште најмалку три измени во министерскиот тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски, дознава „Плусинфо.мк“.

Во политичките кругови веќе започнаа да кружат информации дека Владата сериозно размислува да му се заблагодари на актуелниот министер за здравство Беким Сали за досегашната соработка, а од игра најверојатно ќе излезат и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Како главни кандидати за местото на Сали досега се спомнуваа тројца познати доктори и директори на клиники и болници: Софија Пејкова, Милена Стевановиќ и Христијан Костов.

Неофицијално, како главна причина за смена на Алити од највисоката позиција во Министерството за информатичко општество и администрација се посочени новите проценти во „балансерот“ и кревањето на процентот на Албанците на 31,54 проценти и покрај укажувањата на Државниот завод за статистика (ДЗС) дека треба да се пресметуваат процентите само на резидентното население во земјава, а не и на дијаспората.

Текстот во целост на „Плусинфо.мк“