Поставени унифицирани рекламни табли за угостителските и услужните објекти во Стариот дел на Охрид

0
124

Унифицирани рекламни табли изработени од дрво и ковано железо се поставени на занаетчиските работилниц, угостителските објекти и останатите субјекти што вршат туристичка и услужна дејност во Стариот дел на Охрид.Рекламните табли се изработени согласно Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема што на почетокот на годинава им беше презентиран на сите субјекти од туристичката и услужната дејност, а го пропишуваат видот, типот, категориите и карактеристиките на стандардизирана и визуелно унифицирана урбана текстура, урбан мобилијар и утилитарни објекти.

Првично унифицирани табли ќе добијат објектите на просторот пред црквата „Св. Софија“, улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ и плоштадот „Св.Климент Охридски“. Потоа такви табли би требало да бидат поставени и на деловните објекти во чаршијата долж улицата „Св Климент Охридски“, како и плоштадот „Крушевска Република“ со краците што водат кон булевар „Туристичка“ и дел од чаршијата до пресекот со улицата „Гоце Делчев“.

Рекламните табли се изработени согласно Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема што на почетокот на годинава им беше презентиран на сите субјекти од туристичката и услужната дејност, а го пропишуваат видот, типот, категориите и карактеристиките на стандардизирана и визуелно унифицирана урбана текстура, урбан мобилијар и утилитарни објекти.

Самиот процес на унифицирање на унифицирањето на урбаната опрема во репрезентативниот дел на Охрид ќе се одвива постепено. Тој предвидува и унифицирање и на тендите пред угостителските објекти, што ќе треба да бидат усогласени по боја и изглед. Согласно финансиките можности, ќе се уредува осветлувањето во стариот дел на градот со стандардизирани и унифицирани канделабри, што треба да ги заменат посточеките што се со слабо осветлување. Потоа е предвидено поставување клупи, канти за отпадоци, отстранување на старите бандери и висечките жици, уредување на запуштените сандачиња од електричната мрежа…

Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема на локациите беше усвоен од страна на Советот на Општина Охрид минатата година и е изработен согласно одредбите од Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за заштита на културно наследство и Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.