Оваа работна недела во Македонија со претежно стабилно време, сепак, во попладневните часови можна е повремена дестабилизација на атмосферата

0
45

Почитувани, како што најавив, во текот на оваа работна недела во Македонија ќе имаме натпросечно топло време (Продолжено лето) со температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. Сепак, наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 20 степени.

Времето во текот на оваа работна недела ќе биде сончево, повремено со умерена облачност, која локално би можела да биде  и позначителна. Особено во планинските предели во попладневните часови очекуваме  и конвективен развој на грмотевични облаци кои би условиле појава на краткотрајни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

И во Скопскиот регион оваа работна недела ќе помине во знакот на натпросечно топло и претежно стабилно време. Сепак, повремено во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Наутро температурата во Скопје ќе се спушта во интервалот помеѓу 16  и 17 степени, додека преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 34  и 35 степени, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

meteoalarm.mk