Министерот Андоновски на богослужба и на собир со македонската заедница во Словенија

0
46

Министерот за дигитална трансформација на Република Македонија, Стефан Андоновски денеска присуствуваше на богослужба во македонската црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, каде заедно со македонските иселеници го одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица и го истакна значењето на православната вера.

Како што информира Кабинетот на министерот за дигитална трансформација, Андоновски учествувал и на Богородичниот собир во организација на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Крањ, каде се сретнал со бројни македонски граѓани и заедно ги споделиле македонските традиции и обичаи.

– Со македонските иселеници, Андоновски разговараше за нивните искуства и предизвици со кои се соочуваат во дијаспората. Изрази задоволство од одличната организираност на македонската заедница во Словенија, која продолжува да биде важен столб на македонскиот културен и духовен живот во оваа земја, се наведува во соопштението.

 

vesnik-ilinden.com