МО во врска со тврдењето на Ковачки за „дезертерството“ на Ковачевски:: Документот презентиран од политичка партија има класификација „строго доверливо“

МО ќе отвори постапка за тврдување на одговорност за несовесно ракување и неовластено објавување на документи со класифицирана содржина.

Документот кој е објавен на социјалните медиуми и презентиран од политичка партија, по првичната проверка претставува документ кој во документација на Министерството за одбрана и Армијата првично е заведен како документ со печат „воена тајна“ а подоцна по носењето на Законот за класифицирани информации, добива класификација “строго доверливо“. Министерството за одбрана, согласно своите надлежности, постапувајќи по Закон и штитејќи ги интересите на државата и на граѓаните, отвора постапка за утврдување на одговорност за несовесно ракување и неовластено објавување на документи со класифицирана содржина. Министерството за одбрана ги повикува политичките партии и поединци, во своите настапи и обиди да придобијат политички поени, да стојат понастрана од припадниците на Министерството за одбрана и Армијата, да не ги поттикнуваат на извршување на кривични дела, со кои го нарушуваат сопствениот, но и угледот на Министерството и Армијата, велат за Канал 5 од Министерството за одбрана.

извор: Канал 5

фото: ВМРО ДПМНЕ