Во изминатите три дена дена, од 16 до 18 септември 2022, регистрирани се нови 173 нови КОВИД-случаи од 1.216 направени тестови, како и 186 оздравени пациенти и тројца починати, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи, 123 се во Скопје, во Битола – 16, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Велес – 4, Куманово, Охрид и Штип – по 3, Струмица, Ресен и Кратово – по 2, Тетово и Радовиш – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (173), 46 се реинфекции.
Регистрирани се 186 оздравени пациенти и тоа од Скопје 107, Куманово 11, Кавадарци и Велес по 9, Прилеп, Кочани и Неготино по 6, Битола 5, Берово 4, Тетово, Кичево, Струга и Кратово по 3, Гостивар и Струмица по 2, Охрид, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Крива Паланка и Пробиштип по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (16.09 – 18.09.2022) пријавени се три починати лица, по едно лице од Скопје (69г), Валандово (75г) и Охрид (79г). Лицата починале во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
МЗ