Премиерот Ковачевски на отворањето на Генералното Собрание на ООН во Њујорк

Премиерот Димитар Ковачевски утрово по локално време ќе присуствува на отворањето на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Како што информира владината прес-служба, премиерите и шефовите на држави ќе ги пречека генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш. Со ова почнува генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.

Годинашната сесија на Генералната асамблеја на ОН е со тема  „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“, во рамки на 77-то Генерално собрание кое е фокусирано на темата: „Решенија преку солидарност, одржливост и наука“.

За попладне по локално време во Њујорк предвидено е премиерот Ковачевски, заедно со останатите негови колеги од Западен Балкан да присуствуваат и на работен ручек, организиран од високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел.

 

nezavisen.mk