Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ ќе има свое телевизиско шоу, по примерот на реалити ѕвездата Ким Кардашијан.
Пејачката по 35 години кариера за прв пат ќе ги отвори вратите од нејзината куќа на улица Љутице Богдана 3 и ќе открие детали од приватниот живот за јавноста кои никогаш не ги знаела.
„Цеца шоу“ е најавено како играно-документарна програма базирана на вистински приказни од животот на семејството Ражнатовиќ. Шоуто ќе има 40 епизоди од првата сезона, камерите ќе забележат бројни моменти од работата на новиот албум, преку подготовка за концерт на пејачката, до семејни разговори помеѓу Цеца и нејзината сестра Лидија во семејната куќа на Кипар, како и времето кое го поминува со внукот Жељко.
Гледачите ќе имаат можност да ја погледнат првата епизода во октомври, на ТВ Блиц, а за неколку дена треба да излезе и првиот тизер.
info.mk