Жена од Дебар фрлила плинска боца на паркинг и предизвикала пожар

0
213

Жена од Дебар фрлила плинска боца од балкон долу на паркингот, при што предизвикала пожар во паркирано возило.

Според информациите, 70-годишната Б.Б. запалила плинска боца на балконот во својот дом, при што се запалиле алиштата и таа ја фрлила боцата доле.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против жената поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

 

makfax.mk