Кафуле отворено со предмети собрани од домовите, им буди носталгични моменти на посетителите

0
372

Кафулето со концепт на „кафе-антикварница“, отворено со стари предмети и антиквитети собрани од домовите во областа Памуккале во Денизли, Туркије, им приредува носталгични моменти на своите гости, објави Агенција Анадолија (АА). 

Исмаил Алпарслан Еџе, кој долги години живеел во странство, по враќањето во родниот град Денизли почнал да работи со цел да отвори кафуле каде што ќе се пуштаат плочи од 1970-тите години.

Со својата пријателка Џансу Атик, барајќи стари плочи, наидува на многу антички предмети.

Одлучувајќи кафулето да го дизајнираат за да потсетува на 1970-тите години, Исмаил и Џансу почнале да собираат стари предмети и антиквитети од домовите.

Кафулето го отвориле со декорација која се состои од стара витрина, врежани фотелји, кристални лустери, машини за шиење, ѕидни часовници, стари радија, телевизори со лампи и бензински светилки. Кафулето ги потсетува своите гости на 1970-тите и 1980-тите години.

Исмаил за Агенција Анадолија (AA) истакна дека тргнал со намера да отвори простор каде што ќе се продаваат стари плочи за да се избегнат дневните гужви, но отвориле место кое буди носталгија не само во однос на музиката, туку и во изгледот.

Наведувајќи дека во кафулето има околу 3.000 предмети, Еџе рече дека секој од овие предмети е стар 50-60 години и си има своја приказна.

„Нашиот слоган е ‘Кафуле за оние кои имаат приказна‘. Овде не носиме предмети што немаат приказна. Тука има плочи, машини за пишување, радија, телевизори и машини за шиење… Се трудиме да ги одржуваме нивните приказни. Кога ќе отидеме во некој дом да купуваме предмети, ги прашуваме дали предметите имаат приказна. Тие ни кажуваат каде и како се користеле. Така ги купуваме нашите предмети“, нагласи Еџе.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА). 

фото: Агенција Анадолија (АА).