Дезертерот Ковачевски со денови се крие од јавноста за скандалот со медицинската документација за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН која ја поднел за да одбегне служење на воениот рок. Дури се дрзна и безочно да ја излаже јавноста еднаш правдајќи се дека воениот рок не го служел заради школување, а вторпат заради хируршки интервенции. Лага до лага. По се изгледа се криел кукавички и тогаш кога бегал од обврската кон државата, бега и сега кога не дава одговори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
Но загрижува и молкот на институциите. Повторно прашуваме, зошто на Ковачевски се’ уште не му е покрената постапка за утврдување на деловната способност од страна на Судот во вонпарнична постапка според членовите 34, 35, 36 и 37, како и поведување на постапка за одземање на безбедносниот сертификат за пристап до државни тајни којшто според член 38 од ЗКИ и член 4 точка 11 и 13 од Уредбата за безбедност на лица корисници на класифицирани информации не може да се издаде на лица кои НЕМААТ деловна способност и имаат здравствени проблеми.
Трајно неспособниот Ковачевски колку повеќе бега од одговори и одговорност, толку повеќе потврдува дека е дезертер. Еднаш дезертер секогаш дезертер. Еднаш лажго секогаш лажго.
извор: ВМРО ДПМНЕ