На Александрос Хурдакис од Онтарио, Канада, му бил дијагностициран рак на мозокот на 11-месечна возраст и оттогаш постојано води битка за живот. Пред две недели, неговото семејство дознало дека повеќе не функционира експерименталното лекување кое му помагало на Алекс во изминатите години. Докторите им кажале на родителите Ник и Кира дека болеста е во терминална фаза и дека момчето има уште неколку недели живот.
Една од последните желби на Алекс била да види чудовишта и да посети куќа со духови. За жал, тој не смее да патува, па семејството одлучило да донесе чудовишта кај него. Пријателка на семејството создала објава на локална Facebook страница, која за кратко време станала вирален хит. Одговорот бил неверојатен.
„Започнав да плачам. Беше неверојатно“ – рекла таа.
За само три дена улицата каде што живеело семејството Хурдакис била затворена и таму се одржала огромна Халовин парада, со чудовишта, духови, вештерки и зомби.
Стотици луѓе се маскирале за да му ја исполнат желбата на болното детенце.
Алекс бил пресреќен и постојано им мавтал на присутните.
„Толку многу лица се здружија за да ја направат вечерта неверојатна. Алекс ѝ мавташе на секоја една личност во толпата. Знаеше дека тоа е само за него… Можеше да се види љубовта во неговите очи.“
„Никогаш не очекувавме дека толку многу луѓе ќе помогнат. Беше нешто посебно. Немам зборови. Непознати лица се здружија и беше прекрасно да се гледа“ – рекол таткото на момчето.
View this post on Instagram
femina.mk