(ФОТО) Ковачевски во друштво на Шилегов и Зечевиќ навива за Македонија

Премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски во друштво на поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ вечерва на стадионот „Тодор Проески’ го следи фудбалскиот натпревар помеѓу Северна Македонија и Бугарија во рамки на Лигата на Нации.

„Навиваме за Македонија“, сподели екс градоначалникот на главниот град на земјава.

Почетокот на натпреварот беше одбележан со бурно исвиркување на бугарската химна.

Имињата на бугарските фудбалери беа гласно исвиркани, а потоа истото се случи и со химната на Бугарија.

Следуваа грди скандирања упатени кон Бугарите кои дојдоа од целиот стадион.

фото: ФБ Петре Шилегов