На 20.12.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода В.Б.(34) и Д.М.(22) од Прилеп, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. Имено, на 19.12.2023 на ул.”Кире Базерко” во Прилеп, на барање на В.Б., Д.М. со запалива течност предизвикал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М.(50) од Прилеп, за што добил пари од В.Б.. Со двајцата лишени од слобода извршени се службени разговори во полициска станица, при што тие го признале делото. Денеска (21.12.2023) до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност” од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Related Posts
Тошковски и Дачиќ денеска во Куманово ќе разговараат за мигрантските процеси
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе биде домаќин на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија,…
Зголемен опфатот на домаќинства со ниски приходи за субвенции од 600 до 800 денари на сметката за струја – може да се аплицира до крајот на месецот
Министерството за економија и во 2023 година продолжува со субвенционирање на сметката за електрична енергија за домаќинства со ниски приходи.…
Моника Лукровска е младата докторка што загина во сообраќајката на патот Скопје-Блаце
Моника Лукровска, доктор специјализацант, е 40-годишната скопјанка која загина во тешка сообраќајка која се случи во средата, доцна вечерта на…