На 20.12.2023, полициски службеници од ОВР Ресен и вработени од ЈП „Национални Шуми“ од Ресен го привеле Н.К.(44) од Ресен. При контрола на негов имот во с.Прелубје, ресенско, во 14.40 часот биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувал документација и печат.
Дрвата биле одземени и предадени на ЈП „Национални Шуми“ – Ресен, а по целосно документирање на случајот, против Н.К. ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.